Според библиските пророштва: Светот завршува на 23 септември – таа предвидува “вознесување”, а потоа и апокалипса

од Vladimir Zorba
119 прегледи

На 23 септември оваа година ќе биде почетокот на апокалипсата. Ова го тврдат неколку љубителите на теориите на заговор кои го чекаат крјот на светот.

“Вознесувањето” што е опишано во “Книгата Откровение”, се вели дека на небото ќе се качат “заслужени” христијани, а грешниците ќе бидат оставени лице в лице со крајот на светот.

Сега, апокалиптичнататеорија, позната како Откровение 12 Знак, предвидува дека “Вознесувањето” наскоро ќе започне со појавата на “жена облечена во сонцето, а под нејзините нозе ќе биде месечината.

На нејзината глава ќе има круна од 12 ѕвезди. ” Љубителите на теориите на заговор сметаат дека според астрономскиот распоред, вклучувајќи ги знаците Лав и Девица, заедно со уште неколку планети ќе ги исполнат пророштвото збор по збор.

“Вознесувањето” треба да биде второто доаѓање на Исус Христос, при што оние “кои живееле без грев” ќе се сретнат со Господ. Поддржувачите на оваа теорија велат дека жената во пророштвото е знакот на девица додека круната од ѕвезди е знакот Лав.

На 23 септември Месечината ќе се наоѓа веднаш под “нозете” на Богородица, а Сонцето ќе поминува точно во соѕвездието, исполнувајќи го на тој начин пророштвото за “жена облечена во сонцето”. Според веб-сајтови кои ја шират оваа теорија за крајот на светот, Апокалипсата ќе се случи на два дела, меѓу нив ќе има седумгодишен период, за време на кој антихристот ќе го уништи човештвото.