„Организирање отворени и затворени настани во согласност со протоколите од 2020 година, односно присуство на 30% од вкупниот капацитет“, објави утринава министерот за здравство, Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести за новите мерки кои ги предложил до Главниот координативен кризен штаб.
Долг период во екот на пандемијата со ковид-19 во Македонија беше комплетно забрането присуство на навивачи на трибините во сите спортови, но сега конечно во финишот на сезоната е дозволено нивни присуство, и тоа со ограничен капацитет до 30 отсто.
Владата утре треба да има редовна седница, на која се очекува да бидат прифатени новите мерки.