Спортските натпревари повторно пред публика, сите присутни ќе мора да носат маски

од Nikola Popovski

„Организирање отворени и затворени настани во согласност со протоколите од 2020 година, односно присуство на 30% од вкупниот капацитет“, објави утринава министерот за здравство, Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заразни болести за новите мерки кои ги предложил до Главниот координативен кризен штаб.

Долг период во екот на пандемијата со ковид-19 во Македонија беше комплетно забрането присуство на навивачи на трибините во сите спортови, но сега конечно во финишот на сезоната е дозволено нивни присуство, и тоа со ограничен капацитет до 30 отсто.

Според протоколите, сите присутни на натпреварите ќе мора да носат маски.
Министерот соопшти дека е донесена одлука и за отворање на фитнес центрите и теретаните.

Владата утре треба да има редовна седница, на која се очекува да бидат прифатени новите мерки.

Слични содржини