Спречете замрзнување на автомобилот ноќе со помош на овие практични трикови

од Elena Daskalova

Во ладните ноќи автомобилите лесно смрзнуваат, тешко се отвараат вратите следното утро и прозорците треба добро да се исчистат.

Постојат неколку трикови благодарение на кои ќе можете да го спречите или намалите замрзнувањето на автомобилот преку ноќта.

Паркирајте на исток

Ако имате можност, секогаш паркирајте го автомобилот со предниот дел свртен кон исток. На тој начин, првите утрински сончеви зраци полека ќе го стопат мразот на ветробранското стакло.

Алкохол и сапун

Направете течност за одмрзнување стакло со која ќе го напрскате мразот. Во шише ставете 1 литар алкохол, 1 децилитар вода и 1 лажичка детергент за миење садови и добро протресете. Испрскајте го стаклото. Оваа течност може да помогне и да спречите смрзнување. Не претерувајте со количината, за да не останат дамки од сапунот.

Заштитете ги бравите од мрзнење

Најдобрата заштита е спреј наменет токму за тоа, а ако бравата е замрзната, загрејте го клучот со запалка и потоа ќе успеете да отклучите.

Заштита за ретровизори

Надворешните ретровизори на вашиот автомобил нема да замрзнат ако ставите пластични кеси на нив. Исто така, ретровизорите можете да ги завиткате со гумена лента.

Не користете жешка вода

Можеби ви се чини како добра идеја, но жешката вода може да предизвика пукање на замрзнатото стакло.

Слични содржини