Европската унија со нетрпение го очекува гасот што ќе протече низ новиот гасовод во следната грејна сезона, изјавил евроамбасадорот во Србија, Емануел Жиофре, кој со тамошната министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ ги посетиле работите во Јелашница по повод изградбата на гасоводот Ниш – Димитровград – Бугарија. По тој повод бил најавен и почеток на работата на проектот за новиот гасовод меѓу Србија и Северна Македонија.
Министерката Ѓедовиќ во Ниш рекла дека се работи на најтешката делница каде гасоводот го минува автопатот и најави дека проектот ќе биде готов наесен, кој, како што рече, ќе биде од стратешко значење за енергетскиот сектор поради до можноста за снабдување со гас од повеќе извори.
Во таа прилика, таа потенцира дека е започната работа на изградбата на гасоводот што ќе ја поврзе Србија со Северна Македонија.
-Изградбата на гасната интерконекција Србија-Бугарија има и регионално значење, поради што имаме силна финансиска поддршка од ЕУ за овој проект. Паралелно со реализацијата на овој проект, започнавме со подготовка на просторно-техничка документација за уште еден важен проект за диверзификација на гасот на Србија, а тоа е изградба на гасна интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија, рече Ѓедовиќ.