Србија и Албанија најпријателски, Бугарија најнепријателска земја според граѓаните

од Nikola Popovski

Србија и Албанија, земјите со кои Северна Македонија ја започна иницијативата „Отворен Балкан“, според граѓаните се земјите со кои имаме најпријателски односи, додека со Бугарија, која го блокираше европскиот пат на земајва, граѓантие сметаат дека имаме најлоши односи, покажа анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје.

Преку 56 отсто од испитаниците на анкетата одговориле дека со Србија имаме најдобри односи, по што следува Албанија со 11,3 отсто. Од друга страна, Преку 64 отсто од испитаниците на анкетата одговориле дека со Бугарија имаме најлоши односи.

Ваквите резултати само ги потврдуваат и ставовите на граѓаните за иницијативата „Отворен Балкан“. Повеќе од 63 отсто од испитаниците одговориле дека позитивно ја оценуваат иницијативата за зголемена регионална соработка и економска интеграција меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија.

Како негативна оваа иницијатива ја оцениле само 15,9 отсто, што е драстично поголема разлика отколку одговорите на анкетата од истиот институт направена во 2020 година, кога само 42,4 отсто од граѓаните биле позитивни за „Отворен Балкан“, а речиси 40 отсто гледале негативно.

Слични содржини