Србија: Имаат над 6.000 заболени дневно, а се „журкаат“ како да им е последно (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
428 прегледи

Синоќа, во текот на вечерта, беше прекината таканаречена „корона забава“ во добро познат белградски бар. Комуналната милиција и санитарната инспекција влегле во клубот и ја прекинале забавата,пишува српска „Нова“.

Како што може да се види на видеото, клубот, како и луѓето во него, не ги почитуваат епидемиолошките мерки, и покрај зголемениот број на лица заразени со коронавирус.

Властите морале да реагираат и да го испразнат барот. Сопственикот на клубот, наводно, бил казнет.

Ова не е прв, ниту единствен бар што организира забави во Белград за време на пандемијата на коронавирус.

Минатата недела се одржала забава во клубот „Ла Фајет“, а според снимките објавени на социјалните мрежи, исто така не беа почитувани мерки на претпазливост.

Во Србија, пак, беше срушен црн рекорд. Во изминатите 24 часа, нови 6.254 лица се заразени со коронавирус, а уште 30 починаа. Тестирани се вкупно 19.301, а во моментот има 192 лица на респиратори.

Слични содржини