Србија: Извлечена првата седмица на Лото, вредна 2.250.000 евра

од Nikola Popovski

Во Србија, во 16-тото коло од играта на среќа „Лото“, извлечена е „седмица“, вредна 2.250.000 евра. Ливчето е уплатено во Кучево.

Ова е прва „седмица“ извлечена годинава, а победничката комбинација на броеви е 1, 8, 14, 21, 27, 32 и 37.

Во оваа рунда бил извлечен и џокер, а добитникот на милион динари го купил среќниот билет во Обреновац. Добитната комбинација на џокерот е 053462.

Шест броеви погодиле 21 играч и така добиле 160.420 динари, додека пет бројки погодиле 447 играчи, освојувајќи по 7062 динари.

Слични содржини