Српската Влада овозможи со предлог-закон за безбедност во сообраќајот ограничувањето на брзината на автопатите низ Србија да биде 130 км/ч, за да се изедначи со повеќето земји од Европската унија.

Законот се донесува со цел да се ускладат решенијата кои се однесуваат на ограничување на брзината на автопат со повеќето земји од ЕУ, соопштено е по седницата на Владата.
Така, досегашната најголема брзина од 120 км/ч ќе биде зголемена на 130 км/ч.