Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати вечерва на прес-конференција по повод растечката криза во светот предизвикана од конфликтот во Украина и информира ќе ѝ испорача на С. Македонија количество на пченка и пченица на наше барање.
-На Северна Македонија и одобривме колку што ни побараа за да купат пченица и пченка. Предвидени се 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка. Секогаш ќе имаме за регионот и за нивните потреби. И за БиХ и за Црна Гора и за Северна Македонија, рече Вучиќ вечерва.
Според срспкиот претседател, Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè друго и нема да го ограничи извозот.
-Во моментов имаме 123,6 милиони кубни метри гас, а Русите 164 милиони во складиштето во Банатски двор. Што се однесува до нашите потреби, ќе имаме доволно овошје и зеленчук, моравме да увеземе малку грашок, а останатото домати, краставици, цреши, цреши, доволно ни е. Млекото во прав сега ви е како респиратор. Потпишуваш договор, а не знаеш дали ќе стигне. Од се останато имамо доволно, шеќер, масло, се, рече Вучиќ.