Србија на патот кон ЕУ не ја кочи Хрватска туку две други земји

од desk2
79 прегледи

 

Иако во Србија се мисли дека главна препрека на патот кон ЕУ е Хрватска, вистинската опасност доаѓа од едно правило кое ЕУ не сака да го менува, пишува Еурактив.

Во текстот на новинарот Аугустин Палокај, кој го пренесе “Jutarnji list”, се наведува дека суштински најголеми „непријатели“ на Србија кон членството во ЕУ се всушност Германија и франција кои не сакаат да се одречат од правото секоја членка да има право на вето на проширување.

„Кога се работи за преговорите со Србија, иако јавноста во Србија се забавува со тоа дека „Хрватска ги кочи“, главни кочничари се Франција и Германија. Тие сакаат таа постапка да продолжи, но не и да се забрза. Сакаат Србија да верува дека ќе влезе во ЕУ, но не ветуваат никакви рокови“, наведено е во текстот.

ЕУ инаку често е блокирана од спороста и можноста секоја земја членка да стави вето на бројни одлуки на Унијата, поради што претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер предложи преминување на начелото на консензус на квалификувано мнозинство при гласањето во Советот на ЕУ и кога станува збор за надворешната политика. Јункер тоа го образложи со потребата ЕУ да ја зголеми својата можност да зборува со еден глас.

Но, едно старо вето останува, се напоменува во текстот, а се работи за ветото за проширување од кое никако не сакаат да се одречат Франција и Германија. „Тие ни во сон не би се согласиле да го немаат тоа право и можноста да го одбијат влегувањето на Турција во ЕУ“, наведува авторот.

„Значи, уште долго, можеби додека постои ЕУ, секоја држава ќленка барем 76 пати ќе може да ја сопре државата кандидат на патот кон ЕУ, а на крајот и да ја отфрли“, се додава.