Извршниот совет на УНЕСКО денес во Париз ќе одлучува дали на дневен ред на заседанието ќе биде ставен предлогот за препорака за прием на Косово во членство на организацијата.

0,,15889079_401,00

Извршниот совет има 58 членки, од кои 32 го признале Косово, а дваесетина од нив веќе го поддржале барањето за прием на Косово во Унеско.

Ако прашањето за прием на Косово денес биде вметнато на дневен ред, за него би можело да се расправа и гласа околу 20 октомври. Одлуката се носи со мнозинство на гласови, а доколку предлогот биде прифатен конечна одлука за прием на Косово во членството носи Генералната конференција на УНЕСКО, која има 195 земји членки.

Барањето за прием на Косово во Унеско формално ја поднесе Албанија, а ја поддржаа 45 земји.

Во очи на заседанието на Извршниот совет во Париз, премиерот на Србија Вучиќ испрати писмо до сите членки на УНЕСКО во кое наведува дека барањето на Косово да стане членка на организацијата се коси со ставовите на меѓународното право и поради тоа од политички и морален аспект за Србија е апсолутно неприфатлив.

-„На државите, што Косово всушност не е, им се даваат културни споменици. Јас се надевам дека политиката ќе биде во втор план и дека ќе преовлада она што всушност е УНЕСКО“- изјави во емисија на РТС, претседателот на владината комисија на Србија за исчезнати лица Вељко Одаловиќ.

Тој додаде дека српското културно наследство на Косово треба да биде предмет на преговорите меѓу Белград и Приштина во Брисел. Како што наведе, според Резолуцијата 1244 Советот за безбедност на ОН, полицијата на Србија може да се врати во КОсово во одреден број, а особено да ги чува српските манастири.

Слични содржини