Србија од почетокот на годинава издала речиси 12.000 работни дозволи на странци

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Во првите три месеци од годинава Србија на странци издала 11.717 работни дозволи, а лани вкупно 35.168, покажуваат податоците на Националната служба за вработување.

Најмногу работни дозволи се издадени на државјани на Кина, Русија, Турција, Индија, Куба, Македонија, Украина и Непал.

Од 24 февруари минатата година, кога почна воената интервенција во Украина, до 6 април годинава, на руски државјани се издадени 12.593 дозволи, од кои 3.546 се дадени на жени.

Во истиот период работни дозволи добиле 568 граѓани на Украина, од кои 328 жени.