Србија по 12. пат до трофејот во Светската лига во ватерполо

од desk2
228 прегледи

Репрезентацијата на Србија обезбеди настап на Олимписките игри во Токио следната година, откако попладнево ја освои Светската лига.

Српските ватерполисти во финалето во Белград ја совладаа Хрватска со 12:11.

За Србија ова е 12. трофеј во Светската лига.

Во мечот за третото место Австралија беше поуспешна од Шпанија со 11:10.