Србија се подготвува за кревање на бариери и ѕидови на своите граници против мигранти

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Европските земји подготвиле таен план да  го спасат северниот дел на континентот од мигранти во случај да Турција ја исполни заканата и ги отвори вратите за милиони бегалци.

granitsa-srb

Земјите од Централна Европа и од Балканот се во состојба на готовност за акција поради опасноста од нов масовен бегалски бран по последните уцени на Ердоган спрема европските лидери. Србија откри дека подготвува сопствен план за акција при вонредни ситуации со укинување на бариери на границите со Бугарија, Македонија и Хрватска. Ова треба да доведе до затворање на поголемиот дел на континентот. Информациите за крајните мерки истече благодарение на внатрешните луѓе од Владата, чии министри се плашат дека Ердоган ќе предизвика вистинско “цунами од три милиони бегалци кон Европа”, пишува британскиот весник “Експрес”, цитиран од српскиот печат. Србија не е член на ЕУ, но е клучна транзитна земја за мигрантите кои од Грција се обидуваат да стигнат до Ветената за нив земји како Германија и Шведска.

Соседите на Србија како Унгарија на  пример имаат исклучително негативен став спрема мигрантите.

Будимпешта крена ограда и така многу бегалци останаа блокирани на територијата на Србија. Според владини извори во Србија официјално се регистрирани 5200 мигрнти, а околу 1.000 се движат главно по улиците на Белград. Српскиот министер за труд, Александар Вулин признава пред изданието дека владата во Белград разгледува различни планови во случај до колку договорот меѓу ЕУ и Турција пропадне. Планот предвидува и зголемување на граничната контрола на границата со Бугарија.

Локално.мк потсетува на  повикот на лидерот на Српската народна партија Ненад Поповиќ, кој е за  кревање ѕидови по должината на границата на Србија. “Ние побаравме Владата итно да донесе одлука за кревање на ѕид на границата со Македонија, за да спречиме нелегалниот прилив на мигранти во Србија”, рече Поповиќ.