SERBIA REFUGEES MIGRATION CRISIS

Од почетокот на миграциската криза српската полиција уапсила околу 2.000 шверцери на луѓе. Ова го изјави српскиот министер за внатрешни работи при посетата на Регионалниот граничен премин со Бугарија крај Димитровград
Стефановиќ беше придружуван од шефот на мисијата на ЕУ во Белград, Мајкл Девнпорт. Двајцата се запознаа со работата на заедничките патроли кои ги чуваат границата со Бугарија. Во нив учествуваат и полицајци од Словачка, Чешка и Унгарија. Според министерот за внатрешни работи трговијата со луѓе е меѓу најсериозните во оваа ситуација. “Со помош на луѓето кои делуваат на место се обидуваме да го неутрализираме секој кој се обидува даја злоупотреба од миграциската криза и да ја загрози, преку миграцискиот бран, безбедноста на Србија, но и на останатите европски држави”, рече уште Стефановиќ.
Шефот на европската мисија направи донација и соопшти дека партнерството дава конкретни резултати при обезбедувањето на границата. Минатата недела Србија доби донации и од Германија, а во блиска време се очекува и нова опрема за патролите во износ од 380 000 евра.
Локално.мк потсетува дека на територијата на Србија во моментов има околу 6.000 мигранти. По создавањето на заедничките воена патроли на 22-ри јули српските тимови спречиле обид на над 15 000 мигранти илегално да преминат од бугарска на српска земја.