Србија: Вакцинација за граѓаните на С.Македонија без претходно закажување

од Берта Китинска

Здравствениот дом во Врање, започна  со отворена вакцинација за граѓаните на Република Северна Македонија и без претходно закажување.

На главната точка за вакцинација во Спортската сала во Врање започна отворена вакцинација за граѓаните на Република Северна Македонија. Покрај најавените 750 Македонци кои ќе ја примат првата доза на вакцина викендов, вакцинацијата е бесплатна и е отворена за граѓаните на Република Северна Македонија.

– Пандемијата и немилосрдната борба против ја покажа пред се внатрешната сила на нашата држава, што е одлично. Здравствениот систем на Србија се справи со најголемиот непријател за здравјето на луѓето и животот и ја добива таа борба – рече директорката на Здравствениот дом Врање, д-р Лилjана Антиќ.

Слични содржини