Србин баран со меѓународна потерница уапсен во Скопје

од Radmila Tasevska

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги и Единица за интервентна полиција при СВР Скопје во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје го лиши од слобода С.П.(51) од Р. Србија.

За него била распишана меѓународна потерница со која се барал за издржување на затворска казна во Србија во времетраење од 3 години.

Лицето ќе биде предадено за понатамошна постапка.

Слични содржини