Србин убиен во ресторан во Еквадор пред жената и детето (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
153 прегледи

Саша С. (56) беше убиен вчера пред неговата сопруга и ќерката во еден ресторан во предградието на пристанишниот град Гвајакил во Еквадор. Убиецот, за кој се верува дека е професионалец, му пристапил и испукал три истрели од пиштол во него, по што избегал.

Се сомничи дека Саша С., од Ниш, организирал превоз на големи количини кокаин од Јужна Америка кон Европа, а полицијата пронашла голема сума пари во неговата куќа по убиството.

Снимките од безбедносната камера од ресторанот каде седеше Сашаа со семејството, прво прикажуваат униформиран полицаец кој поминува. Набргу потоа, преку улицата, може да се види маж во сив блузон и со црна маска на лицето како се крева од клупата и полека се приближува кон масата каде што седи Саша со сопругата и ќерката. Во еден момент, тој извадил пиштол и испукал три пати во главата и градите на Саша од оддалеченост од два метри.

– Застреланиот човек падна од стол, а гостите од кафеана се разбегаа. Само неговата сопруга остана да клечи над неговото тело, врескајќи и се обидуваше да му помогне – изјави очевидец на убиството.

Според еквадорските портали, Саша С. бил убиен од професионален убиец, кој по злосторството побегнал со соучесник со мотор. Како „мотив за ликвидација“ се споменува „работата“ на Саша со дрога.