Србите во САД го слават Божиќ со пушки и пиштоли: Меѓу нив и кошаркарот Владе Дивац (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи кружи видео во кое Србите во Калифорнија го слават денешниот празник Божиќ, а меѓу нив бил и славниот кошаркар Владе Дивац.

Имено, како што може да се види на видеото, десетици Срби ги сопреле своите автомобили и излегле од своите куќи, за да испукаат муниција од своите пушки и да го одбележат денешниот празник. Неколкумина од нив, во одела, излегле од своите автомобили и потоа пукале кон небото.

Во еден момент на видеото се појавува и кошаркарот Владе Дивац, кој исто така пука во воздух.

Иако не е сигурно дали снимката е направена оваа година или минатата година, вистина е дека Србите во Калифорнија со години го слават Божиќ на овој начин.

Слични содржини