Србија: Четиригодишно дете починало откако проголтало предмет во градинка

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Дете починало синоќа во Универзитетскиот клинички центар во Ниш откако, како што се сомнева, голтнало предмет во градинката во Владичин Хан, соопштија за „Танјуг“ од Основното јавно обвинителство во Владичин Хан и од УКЦ Ниш.

Според УКЦ Ниш, во оваа установа вчера во попладневните часови било примено момче родено во 2018 година во многу тешка општа состојба со знаци на тешко оштетување на работата на мозокот и од дишните патишта му бил изваден стран предмет.

Од Основното јавно обвинителство Владичин Хан соопштија дека дошло до застој во дишењето, а повеќе детали ќе се знаат по обдукцијата.

Слични содржини