Средба на министерот Оливер Спасовски со амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаинг

од Radmila Tasevska
146 прегледи

Денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа средба со Н.Е. Ами Ларсон Џаинг, амбасадорка на Кралството Шведска, која беше придружувана од нејзината заменичка Биби Грамсон.

Министерот Спасовски посака срдечно добредојде на амбасадорката Ами Ларсон Џаинг, посакувајќи ѝ успех на новата позиција и изразувајќи благодарност на поддршката што Кралството Шведска ја дава на Република Северна Македонија во евроинтегративниот процес, на патот кон полноправно членство на Северна Македонија во Унијата.

Амбасадорка Ами Ларсон Џаинг информираше дека Шведска го презема претседавањето на Советот на ЕУ и посебно нагласи дека безбедносните случувања во Западен Балкан се важни за регионот и за ЕУ, како и дека шведското претседателство ќе го продолжи процесот на интеграција на земјите Западен Балкан, односно дека иднината на овие земји е во Европската Унија.

Двајцата соговорници на средбата констатираа дека соработката меѓу двете земји е на завидно ниво, а во наредниов период заеднички ќе продолжат да го одржат тој континуитет, но и ќе работат на интензивирање на сегментите кои се од значење на двете држави.

 

 

Слични содржини