Средба на министерот Спасовски со новоназначениот Амбасадор на Република Австрија, Мартин Памер

од Radmila Tasevska

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска остварил протоколарна средба  со новоназначениот Амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија, Мартин Памер.

На средбата, соопштија од МВР, се разговарало за одличната соработка, првенствено меѓу двете земји, со тоа што Република Австрија е странски инвеститор број еден во нашата земја, а истовремено била нагласена одличната соработка во полето на внатрешните работи, како и посветеноста на различни актуелни теми, како што се посветеноста на регионалната и глобалната безбедност, борбата против тероризмот, кибер криминалот, борбата против криумчарење на луѓе и илегалната миграција, како едни од приоритетните области.

Од страна на амбасадорот Памер, стои во соопштението, била нагласена поддршката од австриска страна за интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ. Притоа, тој ја изразил надежта за што побрза интеграција и уште поголемо продлабочување на односите помеѓу двете земји.

Слични содржини