Средба на претставници на Москва и Вашингтон во Истанбул

од Stefanija Kuzmanovska

Претставници на Русија и САД денеска ќе се сретнат во Истанбул, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор.

Според изворот, двете страни ќе разговараат за голем број „тешки прашања“, вклучувајќи ги визите, нивото на персонал во амбасадите и работата во институциите и агенциите на двете земји во странство.

Во изминатите неколку години и двете страни значително го намалија бројот на вработени во амбасадите.

Директорот на Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) Сергеј Наришкин и директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс се сретнаа во Анкара на 14 ноември и тоа беше средба на највисоко ниво меѓу двете страни од февруари.

Слични содржини