Средношколците го ставаат „во мирување“ бојкотот во текот на следната недела

Средношколскиот сојуз синоќа одлучи од утре да го прекине бојкотот, па се до 12. февруари.

Имено, тие велат дека по средбите во Собранието имаат поддршка од речиси 70% од пратениците во законодавниот дом.

Како што посочуваат, ако се најде заедничко решение со Министерството за образование и наука, од пратениците ќе биде побарано да се вклучат нивните барања во законските измени, кои ќе бидат во важност само за оваа учебна година.

Јасно е барањето на средношколците до министерката Царовска. Тие бараат да се полагаат два наместо четири предмети на државната матура која претстои за неколку месеци.

Слични содржини