Српските војници планираат од септември масовни секојдневни протести поради ниските плати, лошите услови за работа и незаинтересираност на Министерството за одбрана за решавање на овие проблеми, пишува “Данас”.

“Поради тешката финансиска состојба минатата година 3.000 војници ја напуштија српската армија. Системот за одбрана на Србија се состои во моментов од 32 055 лица, а се потребни 35 000 лица, изјави Новица Антиќ, претседателот на воениот синдикат. Според него нови лица ќе ја напуштаат армијата поради ниските плати и тешките услови на работа: “Месечно се работи од 350 до 500 часа за 260 евра. И вонредните часови и ноќните ангажмани не се плаќаат екстра “, откри тој.