Српската Влада за 10 отсто ги зголеми платите на сите здравствени работници

од Aleksandar Petrovski
153 прегледи

Српската Влада на денешната седница усвои одлука со која на сите здравствени работници од 1 април им се зголемува платата за десет отсто, соопштија Владата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, зголемување на платата се однесува на сите здравствени и военоздравствени институции, вработените во здравствената заштита во установите на социјална заштита, како и на лекарите во заводите за извршување на кривични санкции.

Одлука е донесена, имајќи предвид дека здравствените работници поднесуваат голем товар и одговорност во деновите на борбата на Србија со Ковид-19, се наведува во соопштението.

Од Владата највија за денеска и прес конференција, на која министерот за финансии Синиша Мали и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, ќе ги престават пакетот на економски мерки за ублажување на последиците врз економијата како резултат на епидемијата на Ковид -19.