Со свечена академија во Македонската опера и балет вечер српската зедница во земјава ќе го одбележи 27 Јануари – Свети Сава, Националниот празник на Србите во Република Македонија.
На свечената академија најавено е обраќање на претставници од Македонија и Србија, а ќе учествуваат и претставници од јавниот и културниот живот, симфонискиот оркестар и хорот на РТС, актери од Народниот театар од Белград и Народниот ансамбл „Венац“ од Грачаница.