
Арсеналот на оружје што беше откриено во неколку локации во Белград се поврзува со мафијата во Црна Гора, а службите се сомневаат дека целта била брат на премиерот Вучиќ, информира Блиц.
Андреј Вучиќ бил цел на нападот, поради екстремната приврзаност на премиерот со него, како што објасни министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, “бидејќи тие двајцата имаат само една слаба точка. Еден со друг”

Како иницијална каписла за настаните, додаваат службите е убиството на лидерот на навивачката група на Партизан Александар Станковиќ Мутави, кој во средината на октомври беше професионално ликвидиран – изрешетан со речиси 50 куршуми од два “Калашникова”.
Објава на војна
Државниот врв тогаш објави војна- расчистување на улиците на главниот град на Србија, од криминалната организација од Црна Гора, за кое постои сомневање дека стои зад убиството на Станковиќ.
Станковиќ и неговите пријатели беа мета за ликвидација поради убиство на две крупни фигури челнови на оваа криминална организација. Нивното убиство им било доделено на платеници од Босна и Херцеговина.
– Споменатиот клан постои уште од деведесеттите години и се смета за еден од најбруталните. Се верува дека е производот на тогашните служби и ним им се припишуваат повеќе од 20 никогаш нерешени убиства од деведесеттите години на минатиот век и се верува дека имаат најдобри врски со Јужна Америка и тамошните нарко картели. Факт е дека ниту акцијата “Сабја” или било која понова полициска акција не ги чепна, но, исто така, постојат докази дека црногорскиот клан има врски со луѓе од светот на бизнисот, политиката и полицијата – вели изворот за весникот.
Целиот текст можете да го прочитате тука