Српскиот епидемиолог Бранислав Тиодоровиќ за РТС изјавил дека иако имаме повеќе услови да живееме во понормални услови, маските ќе ги носиме барем до пролет следната година и ќе мора да ја оддржуваме дистанцата.
„Одењето на училиште може да биде товар на некој начин“, истакнал Тиодоровиќ.
Тој посочил дека фактот дека имаме повеќе услови да живееме понормално, да уживаме во културата, да го креваме духот што ќе ни овозможи да кренеме физичка подготвеност, трпеливост и издржливост, не значи дека не остануваат никакви мерки – ќе продолжиме да носиме маски.
„Веројатно ќе ги носиме и следната година, барем до пролетта, и ќе мора да ја задржиме оддалеченоста“, истакна Тиодоровиќ.
Тој смета дека најважен фактор се луѓето кои се враќаат од одмор, пред се од Медитеранот, затоа што сите овие земји покажуваат значително зголемување на бројот на заразени луѓе.
„Веројатно ќе треба да размислиме, доколку овој тренд се забрза и со поголеми скокови, треба да се воведе некаква изолација“, рече Тиодоровиќ.
Според него, одењето на училиште може да биде товар на некој начин.
„Тоа е пресврт во оваа епидемија, затоа што не само што децата, родителите и наставниците имаат еден голем испит, туку целото општество има испит“, заклучил Тиодоровиќ.