Српски “Курир” ќе го заштитува брендот: Лажен “Курир” поврзан со Сашо Мијалков ги мами читателите во Македонија

од desk3
168 прегледи

Информативниот портал Курир.мк нема никаква врска со изданијата на Адрија медија груп, дневниот весник Курир и сајтот Курир.рс, соопштува Адрија Медија Груп- пишува српски Курир.

Македонскиот портал Курир.мк е очигледен обид за манипулација на јавноста и злоупотреба на најочигледниот медиумски бренд на Балканот.

Kurir

Ги предупредуваме нашите читатели од Македонија дека пишувањето на порталот курир.мк не одржува ставови ниту пак уредувачки политика на изворниот Курир, затоа што зад оваа неуспешна копија стојат политичари.

Сопственикот на оваа македонска копија е фирмата ЕМ Медиа Д.О.О од Скопје која е поврзана со Сашо Мијалков, поранешен шеф на македонската тајна служба-Управа за безбедност и контраразузнавање.

АМГ во наредниот период ќе ги покрене сите правни механизми пред македонскиот и меѓународниот суд со цел да го заштите името на Курир од злоупотреба и углед на компанијата како најголема регионална медиумска куќа, велат од компанијата.

Слични содржини