Енергетската заедница кон ЕУ објави дека планираниот од Газпром дел од гасоводот “Турски поток” за пренос на руски природен гас преку Србија кон Европа ќе и наштети на конкуренцијата во регионот , информира “Ројтерс”.
Оваа недела српскиот енергетски регулатор АЕРС му дозволи Газтранс да работи на проектот исклучен од Третиот енергетски пакет на ЕУ – реформа во 2009 година, чија цел е интегрирање на енергетскиот пазар во Заедницата и зголемување на конкуренцијата.
Енергетската заедница, организација на ЕУ, која ја проширува енергетските политики на блокот до евентуални идни членки на Заедницата, коментира дека со оваа одлука Србија ја пропуштила можноста проектот да е во согласност со европските правила.
AERS отфрли или фундаментално промени сите услови на Енергетската заедница, поврзани со “анбиндлинг” (расчленувам на одделните фази на испорака), пристап на трета страна и тарифните регулативи, рече заменик-директорот и правен советник на Енергетската заедница Дирк Бушле за новинската агенција.
Не постојат слични барања (да бидат ослободени од правилата на ЕУ) од страна на операторите во Бугарија и Унгарија до регулаторите, додаде Бушл.
Гасоводот не е покриен со Третиот енергетски пакет и ние жалиме за тоа, рече тој.
Се очекува дека 400-километарскиот дел во Србија ќе заврши до 15 декември оваа година. Тој ќе има капацитет од 13,88 милијарди кубни метри гас годишно.
Во меѓувреме, рускиот заменик-премиер Јуриј Борисов коментираше, цитиран од ТАНЈУГ, дека “Турскиот тек” е важен за Србија и за нејзиниот економски развој. Тој истакна дека изградбата на делницата во Србија не зависи само од Русија, туку и од Унгарија и Бугарија.