Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави дека не е невозможно коронавирусот да бил присутен во Србија уште во декември, но, ако е така, тоа сигурно било спорадично во циркулација.
„Ако тој бил присутен масовно, ќе го откриевме порано. Ние ќе го знаевме бројот на оние што се разболеле од болести слични на грип а тоа нешто посебно не се виде”, изјавил Кон за РТС утрово.

Како што истакна, по укинувањето на вонредната состојба, ќе се продолжи со избегнување контакти, кои и понатаму ќе важат особено за оние над 65 години и за хронично болните пациенти.
„Сите овие контакти практично му овозможуваат на вирусот да преживее. Колку помалку имаме, толку помалку и пократко ќе трае неговата циркулација во овој бран. Затоа, не треба многу да го менуваме нашето однесување“, рече Кон.
Што се однесува до градскиот сообраќај, кој ќе започне во Белград на 8 мај, тој нема да биде за општа употреба, туку само за вработените, а заради тоа, рече тој, треба да продолжи да се зборува дека е забрането.
„Сите вработени мора да носат маски кога влегуваат во транспортот за да дојдат на работа, тие мора да имаат ракавици“, рече тој, додавајќи дека мерката ќе трае некое време, а до тогаш ќе се следи состојбата со вирусот корона и ќе се донесуваат одлуки за тоа.
Коментирајќи за почетокот на тестирањето на 7.000 семејства за да се утврди дали е стекнат колективен имунитет, Кон рече дека е скептичен дека е создаден значителен имунитет при преземање на мерки и спречување на контакт.
„Голем број од нас останаа чувствителни и ќе видиме какви ќе бидат резултатите, така што точно ќе знаеме“, рече загрижениот доктор Кон.
Според него, сè уште не е донесена одлука за отворање на границите, а од оние што ќе влезат во земјата веројатно ќе биде побарано да бидат тестирани. Што се однесува до излегувањето од земјата, ќе се однесуваат како државите во кои се оди како што ќе побараат.