Српскиот министер за надворешни работи Дачиќ во напад против Брисел а и Хрватска и Бугарија

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Српскиот министер за надворешни работи Дачиќ во напад против соседите и Брисел. Тој нагласи дека Србија има пат кон Европа но нема да дозвлои никој да ги понижува.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, остро  ги нападна соседите . Само неколку минути откако стана јасно дека Хрватска го  блокирала започнувањето на претпристапните преговори со ЕУ по глава 26 со Србија “, Ивица Дачиќ, кој е и вицепремиер во кабинетот на Александар Вучиќ  реплицира:

“Тешко си   на Европа, во која главна збор има Хрватска”, рече Дачиќ на гостувањето во студиото на “Радио телевизија Србија”. “Брисел треба да посвети поголемо внимание на она што се случува во самата Хрватска”. Нема да дозволиме никој да не понижува  иако сме решениз а ЕУ. Тој  потоа ја спомна и практиката на ЕУ со Хрватска и  Бугарија  :

“Ние не сме наивни. Нема како да поверуваме дека најмоќната Европска унија / ЕУ / не е во состојба да влијае на Бугарија и Хрватска  по ова прашање – глава 26. Секој ден вредностите на ЕУ се прекршуваат во самата Хрватска “. “Тука веќе не станува збор за односот кон одредена влада. Тука веќе се создала антисрпски атмосфера. И тоа хрватско влада не го промени својот став кон Србија.

Бугарија исто така, има одредени резерви во глава 26, но е многу лесно да напишеш во Уставот дека нема национални малцинства, како што  тоа го направи Бугарија со Македонците , ама  да зборуваш за своето малцинство во Србија “, рече уште Дачиќ.

Извор РТС