Женскиот бенд Хјурикејн ќе ги претставува Србија на Евросонг. Песната со која ќе настапат во Ротердам е Hasta la vista, а доби најмногу гласови на нивниот избор, Беовизија.
Бендот основан во ноември 2017 година го сочинуваат Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ од Србија, следејќи ја својата њубов кон R&B и поп музиката и планирајќи дека заедно можат да остварат меѓународна кариера.
По четири снимени песни на англиски, лани ја снимија песната Favorito на српски јазик и во десеттина дена собраа шест милиони прегледи. Вниманието кон песната го привклекоа и жешките сцени во неговиот спот.
Сања Вучиќ веќе ја претставувала Србија на Евросонг во 2016 година, а тогаш српските медиуми се распишуваа за наводниот сканда. Имено, The Sun тогаш објави дека Сања се обидела да го заведе британскиот претставник Џо Вулфорд и дури и се обидела да го наговори да дојде во нејзината хотелска соба.
https://www.instagram.com/p/B2t5DBZJEpN/
Ксенија Кнежевиќ е ќерка на познатиот српски пејач Ненеад Кнежевиќ Кнез, а на Беовизија се пробала и во 2013 година како седумнаесетгодишна. Настапила со пријателките Анџела Вујовиќ и Дана Гашиќ, но не постигнале успех. Четири години е во среќна врска, а името на својот избраник вешто го крие.
https://www.instagram.com/p/B8bpJ-6JCeG/
Ивана Николиќ во средина на медиумското внимание заврши минатиот февруари, кога на социјалните мрежи објави фотогравија со Џони Деп, кој тогаш престојувал во Белград.
https://www.instagram.com/p/BtvSJ47IEQ1/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading
„Џони е многу љубезен. Му пријдов и го замолив да се фотографираме. Седеше на другата страна. Обезбедувањето не правеше проблем. Му кажав дека сум пејачка и му ги покажав спотовите на мојот бенд и му открив дека настапувавме на Карибите. Се надевам дека ќеимаме прилика, доколку се сретнеме на островот, да присуствува на наш настап. На крајот разменивме мејлови“, раскажала таа тогаш.
https://www.instagram.com/p/BuBdA8mj4sY/