Осум ученици и член на обезбедувањето загинаа во престрелката утринава во училиштето на Врачар, ги потврдија од српското МВР наодите на порталот N1.
Како што се наведува во соопштението на МВР, ранети се шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар во Тиршова.
Ученик од ова училиште К. К. (14), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело, бил пронајден и уапсен во училишниот двор, информираат од МВР.
Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија.
Според неофицијални информации, прво бил ранет чуварот, кој набргу по пукањето починал.
„Нашиот омилен чувар Драган е убиен. Децата го сакаа, како и целиот тим“, вели потресената мајка на едно дете од училиштето.
Напаѓачот, Коста Кецмановиќ, неколку пати учествувал на натпревари по математика и добивал пофалби.
Минатата година го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја. Утрово упаднал на час по историја, прво ја ранил наставничката, а потоа ги застрелал своите другари.