ССМ со повик до работодавачите: Заштитете го здравјето на работниците во услови на топлотен бран

од Nikola Popovski

Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите работодавачи, во услови кога се најавува дека во наредните денови, целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, објавија од ССМ.

Според нив, сите работници кои работат во услови на изложеност на високи температури, се изложени на топлински стрес.

-Топлински стрес се дефинира како физичка и физиолошка реакција на работникот на температурата на која е изложен на неговото работно место. Согласно Законот за безбедност и здравје при работа, работодавачот е должен да обезбеди соодветни услови на работа кои нема да го загрозат животот и здравјето на работниците, велат од здружението, додавајќи ги препораките до работодавачите:

-Проверка на техничко-технолошки колективни мерки за заштита (адекватна вентилација и климатизација).

онтролирање на микроклиматските параметри;

-Обезбедување на минимум една климатизирана просторија со функција на „засолниште” (каде вработените можат да се разладуваат извесен период во текот на работата);
Повозрасните лица, бремените жени и хронично болните лица да бидат ослободени од работни обврски;
Промени во организацијата на работниот процес (работа во смени, ротација на работниците и сл.)
Избегнување на работа на отворено во за време на најтоплиот период на денот (11-17 часот) или нејзино редуцирање.
-Редуцирање на​ тешка физичка работа; 🟥Почести паузи во текот на работата, разладување на​ вработените со обезбедување на климатизирани простори и доволно разладени ​ течности​ за пиење;
-Смалување на интензитетот на работата и нормите во производството.
Избегнување на прекувремената работа. 🟥Прекин на работата при потреба;
-Поттикнување на самопријавувањето на симптомите кај вработените;
-Обезбедување на адекватни лични заштитни средства;
-Запознавање на работниците со​ризикот на работното место од високи температури, можните штетни ефекти по здравјетокако и со мерките за работа на безбеден начин.
​-Предупредување на вработените за зголемената опасност од несреќи при работа (пожари). Посебно внимание и надзор при работа со хемиски материи заради поголема опасност од интоксикација, велат од ССМ.

Слични содржини