Продажбата на нови автомобили на македонскиот пазар, познавачите на состојбата ја оценуваат како стабилно ниска.

Врз намалувањето на продажбата на нови автомобили, големо влијание има увозот на стари автомобили, кој постојано се зголемува, но се чувствуваат и ефектите од економската криза.

Audi A4 2.0 TFSI quattro

– Годинава ќе ја завршиме со околу 4.000 продадени возила, од сите дистрибутери, а на ниво на „Порше Македонија“ продажбата ќе биде од 1.500 до 2.000 возила – изјави генералниот директор на „Порше Македонија“, Златко Муцунски.

Косопственикот на „Ми да гранд моторс“, Марјан Миновски, исто така, потврдува дека годинава ќе заврши со продадени 3.800-3.900 возила од сите увозници, што укажува на зголемување на продажбата во споредба со годините на економската криза, кога продажбата била 300-400 автомобили годишно.

Груевски и Ставревски се “пишманија”- еврообврзницата намалена од 500 на 270 милиони евра

– Автомобилскиот бизнис во Македонија каскаше и зад соседните балкански земји. Но, и покрај тешките услови за работа, сите увозници на автомобили влеговме во сериозни градби на автосалони по светски стандарди, кои беа опремени за работа со сите придружни алати, технологии итн. Во 2011 година се донесе една страшна популистичка политика да се увезуваат стари возила. На македонскиот пазар влегоа повеќе од 150.000 такви возила – вели Миновски.

Според податоците на Царинската управа, во првите 10 месеци од годинава, преку царината поминале 23.547 возила, од кои 3.432 се нови, а 18.250 се стари автомобили.

 

МЕТА

Слични содржини