Стана славен кога татко му го префрли преку оградата: Каде е денес најмалото дете на Мајкл Џексон?

од Elena Daskalova

Мајкл Џексон, иако веќе подолго време е починат, уште ги дели луѓето на оние кои го обожаваат и оние кои сметаат дека беше педофил со тешки психички нарушувања.

Но, факт е дека целиот свет тагуваше кога тој почина, а зад него останаа бројните хитови, но и трите деца, Парис, Принц Втори и Мајкл Џозеф Јуниор. Мајкл Џозеф има своја ИТ-компанија која ја нарекол „Синот на кралот“.

Парис, како што веќе знаеме, одамна е јавна личност, работи како модел и постојано менува момчиња и девојки. Но, никогаш досега не сме дознале каде е и што прави Принц Втори, на кого јавноста му го даде прекарот Бленкет (Ќебенце).

За него се знае дека во 2002 го роди сурогат-мајка, а никој никогаш нема да ја заборави сцената кога Мајкл го изнесува бебето покриено со ќебе на балконот на хотелската соба, за да им го покаже на обожавателите. Тој дури и во еден момент го префрла преку оградата, а публиката го осуди дека толку несмасно го држел, што мислеле дека во секој момент ќе му падне.

Принц Втори избрал да живее анонимен живот, без да се експонира на грбот на својот покоен татко. Се зборува дека дури и го променил името, за потешко да му се влезе во трагата. Тој не се појави во јавност сè до погребот на Мајкл Џексон, но и тогаш се криеше зад своите брат и сестра.

Пред извесно време го фотографирале папараци, облечен во најобична секојдневна облека и како и секогаш, со долга нерасчешлана коса. Но, она што е сигурно е дека како и братот и сестрата, живее удобен живот бидејќи Џексон на своите деца им остави небројано богатство.

Слични содржини