Обвинителството во Шпанија побараа исклучително тешки казни за поранешниот и актуелниот претседател на Барселона – Сандро Росел и Хосеп Марија Бартомеу, како и за ѕвездата Нејмар за трансферот на “Камп Ноу”. На Каталонците им се заканува и огромна парична казна.

Според весникот “Марка” обвинителите побарале вкупно осум години затвор за двајцата раководители по две точки од обвинението. Првото е за корупција, за што максималната казна е 5 години, а втората е за измама, за која можат да лежат максимум по 3 години.
Обвинението кон Нејмар и неговиот татко е за корупција. И за двајцата се барат 5 години зад решетки. Покрај тоа, во затвор може да падне и Одило Родригез, тогашниот претседател на Сантос, кој ја придвижувал трансакцијата.
Барселона пак може да однесе и рекордна парична казна во износ од 195 милиони евра за сите неправилности околу преминувањето на играчот на “Камп Ноу”. Ако обвинението помине, вмешаните во скандал нема да можат да се занимаваат со фудбал под каква и да е форма за најмалку 6 години.
Процесот ќе започне многу наскоро.