Стапката на тромбоза ОСУМ ПАТИ ПОВИСОКА кај невакцинирани лица

од Stefanija Kuzmanovska
559 прегледи

Студијата спроведена во Шпанија на повеќе од милион луѓе покажа дека вакцината на „АстраЗенека“ и mRNA вакцината имаат сличен безбедносен профил, вклучувајќи ја и зачестеноста од појава на тромбоза со тромбоцитопенија (ТТС). Друг важен заклучок од студијата е дека, без оглед на тоа која вакцина била примена, стапките на тромбоза биле значително повисоки кај луѓето заразени со КОВИД-19 отколку кај вакцинираните. Стапката на венски тромбоемболизам беше дури осум пати поголема по инфекцијата со КОВИД-19.

Податоците од големата студија за клиничка пракса во реалниот свет во која беа вклучени повеќе од милион луѓе, објавени во „Лансет“, ги проценија стапките на инциденца на нарушувања на згрутчување на крвта од тромбоемболија и тромбоцитопенија, вклучувајќи многу ретка тромбоза со тромбоцитопенија (ТТС) по вакцинација со mRNA вакцина или вакцината на „АстраЗенека“ и ги спореди со очекуваните стапки кај општата популација и кај луѓето со КОВИД-19.

Безбедносните профили на вакцините на „АстраЗенека“ и mRNA беа слични и генерално поволни. Многу ретки нарушувања на коагулацијата се забележани кај двете вакцини, но тие беа во согласност со она што би се очекувало кај општата популација и пониско отколку кај оние кај кои е дијагностициран KОВИД-19, објави компанијата „АстраЗенека“.

Времето на следење не беше доволно за да се пријави стапката по две дози на вакцината на „АстраЗенека“, иако други студии покажаа дека стапките на ретки тромби се пониски по втората доза.

Без оглед на употребената вакцина, зголемувањето на стапката на тромбоза кај луѓето заразени со КОВИД-19 беше далеку поголемо отколку кај вакцинираните.

Стапките на венски тромбоемболизам беа осум пати повисоки по дијагнозата на инфекција на КОВИД-19 во споредба со очекуваната стапка.

Мене Пангалос, извршен потпретседател на „BioPharmaceuticals R&D“, рече: „Оваа студија од вистинска клиничка пракса нуди дополнителни докази за придобивките: профилот на ризик од вакцината на „АстраЗенека“ ја покажува клучната улога што ја имаат сите вакцини против КОВИД-19 во борбата против пандемијата“.

Анализата опфатила 945.941 лица кои примиле mRNA (778.534 со две дози), 426.272 кои примиле вакцина на „АстраЗенека“, и била спроведена помеѓу 27 декември 2020 година и 19 мај 2021 година.

Слични содржини