Стармер: Европските лидери ќе работат на мировен договор

од Даниел Ѓорѓиевски
14 прегледи

Велика Британија и Франција ќе работат на мировен план за Украина, изјави денеска британскиот премиер Кир Стармер, непосредно пред состанокот на дел од европските лидери на кој ќе се обидат да најдат одговор по скандалозниот состанок во Белата куќа во петокот меѓу Доналд Трамп и Володимир Зеленски.

Стармер истакна  дека тој и францускиот претседател Емануел Макрон се согласиле да започнат преговори одделно од оние меѓу САД и Русија, по серијата интензивни разговори вчера вечерта.

„Сега се договоривме дека Обединетото Кралство, заедно со Франција и можеби уште една или две други (земји), ќе соработуваат со Украина на план за запирање на борбите, а потоа ќе разговараме за тој план со Соединетите држави. Велика Британија и Франција се најнапред во размислувањето за ова, и затоа претседателот Макрон и јас ќе работиме на овој план, за кој потоа ќе разговараме со САД” изјави Стармер

Стармер смета дека  станува збор за чекор во вистинска насока, од кој никој не е исклучен, во контекст на придонесот што може да го даде.

„Но, ние треба да се придвижиме кон побрз, поагилен начин на одење напред, и мислам дека тоа е коалиција на подготвени држави“ додава Стармер.

Британскиот премиер вчерашниот ден, како што се наведува, го искористил за

Стармер

интензивен дипломатски ангажман по состанокот на Зеленски во Вашингтон, за време на кој украинскиот претседател беше осудуван во живо пред камерите од Трамп и неговиот потпретседател Џеј-Ди Венс.

Премиерот на Велика Британија вчера го пречена Зеленски во Даунинг стрит искажувајќи голема солидарност со Украина.

Слични содржини