Британскиот уметник Енди Линк тврди дека скулптурата „Пијаница“, која ќе биде понудена за продажба на аукција е украдена од него и се продава нелегално.
„Пијницата“ е одговор на Банкси на Роденовиот „Мислител“, ја има сличната положба, но изгледа како да има испиено премногу и штотуку да направил сообраќајка.
Оваа скулптрура се појавила на плоштад покрај авенијата Шафтсбери, во централниот дел на Лондон уште во 2004 година и се уште се наоѓа таму, иако нема дозвола од градските власти. Но, неколку години ја немало.
Набргу потоа уметникот Енди Линк ја „киднапирал“, па побарал откуп од Банкси, кој пак му понудил две фунти и канта бензин, за да ја запали. Линк ја задржал, а во 2015 година ја вратил на првобитната локација, но го наместил на ВЦ-школка. Потоа пријавил во полиција дека некој му ја украл статуата додека не бил дома.
Аукциската куќа Сотби ја објави оваа статуа на Банкси за продажба, а тогаш повторно се појавил Линк, тврдејќи дека е негова. Тие тврдат дека имаат законско право да ја понудат на продажба, во консултација со надлежните од бирото за исчезнати уметнички дела. Во записникот на Сотби се наведува дека делото е преземено, односно Банкси и неговите соработници го земале од Линк. Во каталогот за продажба пак, е напишано дека делото е пронајдено под неразјаснети околности во сладиштето Арт Киеда.
Застапниците на Бенкси не коментираат ништо, а полицијата пак, не води никаква истрага поврзана со оваа статуа.