Меган Маркл нема да присуствува на откривањето на статуата на Лејди Ди, откриено зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Кралското семејство ќе постави статуа во палатата Кенсингтон на 1 јули во чест на принцезата Дaјана. Статуата ќе ја краси „Потопената градина“ која ѝ беше омилено место на имотот.

Имено, ако принцезата Дајана не загинеше во сообраќајна несреќа, таа ќе наполеше 60 години на 1 јули оваа година. По тој повод ќе се собере англиското кралско семејство, а статуата заедно ќе ја откријат принцовите Хари и Вилијам.

„Radar on line“ претходно објави дека Меган Маркл ќе присуствува на овој настан, меѓутоа, најновите информации го тврдат спротивното, со оглед на тоа што извор на „Дејли Мирор“, близок до Хари и Меган, потврдил дека Меган сепак нема да дојде .

„Меган не планира патување. Таа неодамна се породи и овој пат Хари ќе патува сам“, изјави близок извор за „Дејли Мирор“.

Слични содржини