Ставен во употреба aпарат за испитувања на бубрези и тироидна жлезда во битолската болница

од Nikola Popovski

Во Клиничката болница во Битола е ставена во употреба нова SPECT-CT гама камера за функционални испитувања на бубрези, тироидна жлезда, венска циркулација и испитување на малигни заболувања, информира министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, апаратот е добиен од Меѓународната агенција за атомска енергија од Виена, преку Министерството за здравство.

-Болницата е опремена и со апарати за магнетна резонанца, компјутерска томографија тоа значи дека пациентите кои што имаат потреба од овие испитување нма веќе да треба да патуваат во Скопје. Граѓаните не само од Битола туку и од овој регион ќе ја користи експертизата на лекарите кои што со години работата тука, сега со нов апарат кој што нуди посебен дополнителен квалитет на здравствената услуга, извести Филипче.

Слични содржини