Членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе биде во официјална посета на Соединетите Американски Држави, при што ќе учествува на Националниот молитвен појадок, кој ќе се одржи по 68 – ми пат, а е во организација на претседателот на САД, Доналд Трамп, информира Богоев на својот Фејсбук профил.
„Од понеделник, ќе бидам во посета на Соединетите Американски Држави, при што ќе учествувам и на Националниот молитвен појадок.
Ќе имам средби со повеќе конгресмени, како и со претставници на National Democratic Institute и International Republican Institute (IRI).
Овој настан обединува повеќе од 3.500 гости, светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности кои зборуваат на политички и социјални теми“, напиша Богоев.