Стефани Фрапар – првата жена која ќе суди машки фудбал на УЕФА Суперкупот

од desk2
216 прегледи

Судијката Стефани Фрапар ќе дели правда на натпреварот од УЕФА СУперкупот меѓу Челзи и Ливерпул и со тоа ќе стане првата жена која судела меч на УЕФА меѓу два машки тима.

Челзи и Ливерпул ќе си ги измерат силите во Истанбул на 14 август.

Триесет и петгодишната Французинка неодамна судеше на финалето на Светското првенство за жени меѓу Холандија и САД.

Таа веќе ја има титулата прва жена која судела на натпревар од француската Лига 1. Тоа се случи во април, на натпреварот меѓу Амиенс и Стразбур.

Средбата меѓу Челзи и Ливерпул сепак ќе биде првиот натпревар во организација на УЕФА што ќе го суди жена.

Фрапар ќе суди заедно со колешките Мануела Николоси од Франција и Мишел О’Нил од Република Ирска. Четвртиот судија е Џунејт Чакир од Турција.