Стефановски: Излез на САД од НАТО ќе биде голем удар – најсреќни ќе бидат Кина и Русија и сите авторитативни системи

„НАТО со своите 32 земји-членки мора да изгради систем каде што нема да зависи од волјата на една, две или три членки“, вели аналитичарот

од Nikola Popovski
67 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Алфа ТВ

Воено-безбедносниот аналитичар, Милан Стефановски не очекува дека САД под Доналд Трамп ќе излезат од најголемиот воен сојуз, но, очекува дека можеби ќе замрзнат дел од финансиите. Сепак, потенцира дека доколку изградиме претпоставка дека САД ќе го напуштат НАТО, вели дека тоа ќе биде голем удар врз западната одбранбена доминација.

Според него, најсреќни ќе бидат Кина и Русија и сите ретроградни и авторитативни системи, а демократските земји ќе бидат пред предизвик.

Соговорникот, во анализата, оценува дека НАТО со своите 32 земји членки мора да изгради систем каде што нема да зависи од волјата на една, две или три земји членки. Сепак, додава, стратешките интереси на воената алијанса треба да бидат проектирани без разлика на политичките и идеолошките предизвици внатре во земјите.

Стефановски: САД нема да излезат од НАТО, но очекувам да замрзнат дел од финансиите

Слични содржини