205
САД не поттикнуваат или овозможуваат напади на руска територија, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, откако руските власти соопштија дека спречиле обид за напад со беспилотно летало врз Москва рано утринава.
„Останува на Украина да одлучи како да се одбрани од руската офанзива која започна во февруари минатата година“, рече портпаролот, додавајќи дека Русија може да ја заврши војната во секое време со повлекување од Украина, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека САД, покрај поддршката за Украина во форма на оружје и друга воена опрема од почетокот на војната, се противат на нападите внатре во територијата на Русија.