Ракометарите на Вардар на сензационален начин се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, а ова беше големата дилема која ја имаа авалонци за почетокот на концертот на Стинг, кој е вечерва на градскиот стадион во Скопје. Сега сè е разјаснето.

Првпат во својата повеќедецениска кариера, големиот британски музичар го поместува почетокот на свој концерт од една ваква причина, што е големо разбирање од големиот Стинг.
Вардар го игра финалето со Веспрем од 18 часот и музичкиот спектакл на стадионот „Тоше Проески“ оригинално требаше да стартува во 20 часот, но организаторот „Авалон продукција“ успеа да издејствува настапот на триото на Влатко Стефановски да почне во 20.30 часот, додека Стинг излегува на сцена во 22 часот, половина час подоцна од предвиденото.
ВО секој случај неделна вечер за вистинско уживање.